КОНСУЛТАНТСКА
АГЕНЦИЈА

Најдобар доказ за квалитетот на една компанија се нејзините клиенти. Бета Консалтинг развива долгорочни релации со најдобрите компании на Македонскиот пазар.

ИЗЈАВА НА ОСНОВАЧОТ

Основана во 1993та година, Бета Консалтинг е  етаблиран и докажан партнер на многу странски инвеститори и успешни домашни компании. Во услови на постојан развој и промени во правната регулатива и бизнис окружувањето нашата цел е да овозможиме современи услуги со највисок квалитет.

Бета Консалтинг е една од малкуте компании на македонскиот пазар која нуди професионални неопходни услуги за функционирањето на клиентите на едно место, наша цел е услугите кои ги даваме на клиените да бидат прилагодeни на новните специфични потреби.

 

Елизабета Кочовска Ицева

Основач

ВРЕДНОСТ

Oснована во 1993 та како компанија за сметководствена и правна подршка на едни од првите странски инвеститори во Македонија – Бета Консалтинг бележи константен раст во бизнисот и проширување на портфолиото на услуги и клиенти.

СТРАТЕГИЈА

Денес како една од водечките консалтинг и сметководствени компании Бета Консалтинг се издвојува по своите професионални услуги од областа на финасиите, сметководството и правниот консалтинг.

РАСТ И УСПЕХ

Квалитетните услуги од нашата специалност за нашите клиенти значат безбедно правно и бизнис функционирање, со што клиентот може да се фокусира на својата примарна деловна активност.

PROFESSIONAL

Во услови на се по сложено деловно и правно окружување нашата улога како партнер од областа на финасиите и сметководството претставува клучен елемент за раст на основната деловна активност на клиентот.

УСЛУГИ

Личната одговорност на менаџментот и секој од вработените, нивнотот академско образование и долгогодишно искуство претставуваат карактеристика и гаранција на квалитетна услуга.

ИСКУСТВО

Вредноста и растот која ги креираат нашите клиенти претставуваат дополнителна и вткаена вредност во нашата компанија.

Преку вистинска финансиска стратегија, и сообразност со законските прописи и сметководствени стандарди им овозможуваме константен раст и успех на клиените, креирајќи долготрајни бизнис релации.